Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките

Рејтинг на корисник:  / 4
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода и годинава ја продолжува традицијата на наградување и стимулирање на талентираните ученици и спортисти од основните училишта и наградување на најдобрите просветни работници од основните училишта и јавните детски градинки кои опстојуваат на територијата на општината.

Имено, денес (07.06.) е објавен јавниот оглас за пријавување на најдобрите основци, кои постигнале одлични резултати на натпреварите во образованието, културата и спортот, а обезбедени се и стимулативни награди и за просветните работници кои дале посебен придонес во областа на воспитно – образованиот процес, како и во делот на стручната работа со учениците.

Нема да изостанат и награди и признанија и за воспитувачите и негователите од детските градинки, кои со својата работа придонесуваат за згрижувањето, воспитувањето и образованието на најмалите жители на општината Кисела Вода.

Во програмите за работа на Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура предвидени се финансиски средства за таа намена, а мешовити комисии составени од претставници од Советите на родителите, Наставничките совети, стручните совети на градинките, Управните и Училишните одбори, општинската администрација и членовите на Советот на општината ќе се погрижат за објективен и транспарентен избор на најдобрите, согласно критериумите во Правилниците донесени од Советот на општината Кисела Вода, за таа намена.

Огласот е објавен на веб страната на општината на ден 07.06.2021 година и ќе трае пет дена од денот на објавувањето, односно  заклучно со 11.06.2021 година.

Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат условите во огласот, воопшто да не се колебаат и да земат учество во изборот.

Наградите официјално ќе бидат доделени од страна на Градоначалникот на општината, по повод роденденот на општина Кисела Вода.

Огласот и потребните документи, можете да ги најдете ОВДЕ.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa