На третата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа на 15 ноември 2021 година, беа усвоени следните точки:
1. Квартални извештаи К1, К2 и К3 за третиот квартал од 2021 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2021 година до 30.09.2021 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
2. Предлог- Програма за измена и дополна на Развојната програма (Програма од надлежност В-предучилишно воспитување и програма ВА –предучилишно воспитување – капитални трошоци) за изградба на нов објект – детска градинка во населба 11 Октомври згради Општина Кисела Вода за 2020 – 2022 година;
3. Предлог- Програма за измена и дополна на Развојната програма-Програма НА –основно образование (капитални расходи) доградба на објект –ООУ “Невена Георгиева Дуња„ Општина Кисела Вода за 2021-2022 година;
4. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата (Н1) и Програмата (НА) капитални расходи за основно образование за 2021 година;
5. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за култура (К4) културни манифестации и творештво и Програма (КА) културни манифестации и творештво – капитални расходи за 2021 година;
6. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата (Ј) Комунални дејности за 2021 година;
7. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата (Р) – Заштита на животна средина и природа за 2021 година
8. Предлог -Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Кисела Вода за 2021 година;
9. Предлог- Одлука за намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) и овластување за потпишување на Иницијален договор;
10. Предлог- Решение за измена и дополна на Решение за именување на членови на Управниот одбор на јавна општинска установа „ ДОМ НА КУЛТУРА КВК“ Скопје;
11. Давање позитивно мислење на Статутарна одлука за дополнување на Статутот на ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ – Општина Кисела Вода, Скопје;
Дополнително, дневниот ред беше дополнет со:
-Предлог-Одлука за поставување на урбана опема и хортикултурно уредување со изградба на парк на територија на општина Кисела Вода;
-Предлог-Одлука за измена и дополна на Програмата Г1-локален економски развој со Потпрограма ГД0-проекти за енергетска ефикасност за 2021 година;
-Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на МПЦ манастир “Св. Илија” с. Говрлево- Скопје.