Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Општина Кисела Вода започнува со изработка на нов Локален еколошки акционен план - ЛЕАП (2022-2028 год.)

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Локалниот еколошки акционен план претставува највисок локален стратешки документ за Општина Кисела Вода за заштита, планирање и управување со животната средина, со важност од шест години. ЛЕАП-от како стратешки документ од суштинско значење, ги детектира актуелните состојби во областа на животната средина и усвојува соодветни краткорочни и долгорочни мерки за разрешување на идентификуваните проблеми за граѓаните на Општина Кисела Вода.

Овој ЛЕАП се надоврзува на веќе започнатите процеси на управување со животната средина во општината. За таа цел номиниран е локален координатор кој е одговорен за секојдневните  активности за изработка на ЛЕАП-от, членови на Локален комитет и формирани се 6 работни групи (за воздух, вода, отпад, почва, природа и урбан и рурален развој).

Со цел да се донесе квалитетен стратешки документ чија имплементација ќе продонесе за значително подобрување на животната средина, ќе биде воспоставена соработка на Општина Кисела Вода  со приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa