Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Во завршна фаза е целосна реконструкција на две детски игралишта во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во состојбата на двете детски игралишта чија реконструкција е во завршна фаза. 

 

Првото е лоцирано на улицата “Димо Хаџи Димов”. Поставени се сосема нови реквизити за детска игра, клацкалки, лулашки просторот е ограден, а поставени се и нови клупи за одмор за повозрасните.

Дополнително, непосредно до детското игралиште, поставени се и фитнес справи, со што љубителите на спортот добиваат свој простор за вежбање на отворено. Целокупниот лик на ова место, каде постоеше старо и уништено детско игралиште е променет. Наскоро овој простор за рекреација ќе биде целосно завршен и ставен во употреба.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид и во реконструкцијата на детското игралиште во урбаната заедница 11 Октомври Бараки, во  близина на булеварот Борис Трајковски. И овде, веќе е видно изменет ликот на она што беше руиниран простор за детска игра. Новите реквизити се поставени, а со претставниците од комуналниот сектор од Општината, градоначалникот дискутираше околу можностите за дополнителни содржини кои би го збогатиле ова детско катче и би ја подобриле естетиката на просторот.

-При крај е целосната реконструкција на овие две детски игралишта во урбаните заедници Кисела Вода и во 11 Октомври Бараки. Поставивме модерни и безбедни реквизити за детска игра, а паралелно го санираме и просторот околу игралиштата со цел да им обезбедиме и на нивните родители удобно и пристојно место за релаксација додека нивните дечиња уживаат во играта. Едновремено, вршиме скрининг во состојбата на сите детски игралишта во општината, со цел да интервенираме онаму каде што има потреба, а онаму каде што постои можност и да изградиме нови детски катчиња-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa