Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Валентино Каранфиловски како ,,Буштур“

Рејтинг на корисник:  / 11
НајлошоНајдобро 

Кошаркарите  на ОУ "Невена Георгиева Дуња", вторпат едноподруго ја освоија шампионската титула во училишниот спорт. Финалето на плеј-офот заврши со 70:31. Избраниците на тренерот Вангел Сувариев доминираа во текот на целата средба, без да им дадат било каква шанса на финалистите од ОУ "Рајко Жинзифов" да ги изненадат.

 

Најзаслужен за триумфот на ,,Дуња“ и овојпат беше Валентино Каранфиловски, кој по организација на играта, добриот  шут, како и по физичката конституција наликуваше на македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски - ,,Буштур“.

-Огравме одговорно на теренот зошто многу го посакувавме овој трофеј. Оваа генерација, која всушност на државното првенство, пред само еден месец го освои второто место, сосема заслужено триумфираше. Ние во оваа сезона практично бевме непобедливи - истакна младинскиот кошаркарски репрезентативец  Валентино Каранфиловски.

Во борбата за третото место и ,,бронзениот“ медал,  ОУ "Пaртенијa Зографски" славеше над ОУ "Кирил Пејчиновиќ" со 50:37.

Изборот Играч на сезоната, во конкуренција на Георгиевски (ОУ "П.Зографски"), Столиќ (ОУ "Р.Жинзифов") и Михајловски (ОУ "Н.Г.Дуња"), му припадна на  младинскиот репрезентативец Валентино Каранфиловски.

Конечни резултати:

Плеј-оф-полуфинале

ОУ "Н.Г.Дуња" – ОУ "К.Пејчиновик"  52:20, ОУ "П.Зографски" – ОУ "Р.Жинзифов" 44:48

Плеј оф –финале

ОУ "Н.Г.Дуња- ОУ "Р.Жинзифов" 70:31

-мало финале (натпревар за трето место)

ОУ "П.Зографски" - ОУ "К.Пејчиновиќ"  50:37

Табела.

  1. ОУ "Н.Г.Дуња"
  2. ОУ "Р.Жинзифов"
  3. ОУ "П.Зографски"
  4. ОУ "К.Пејчиновиќ" 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa