Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Градинката во Припор интензивно се гради

Рејтинг на корисник:  / 3
НајлошоНајдобро 

Со одлична динамика течат градежните работи во ПОУ “Круме Кепески”во Припор, каде до крајот на летото треба да профункционира првата градинка во овој дел од општина Кисела Вода.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ, во денешната посета на објектот, разговараше со фирмата изведувач “Инком Инженеринг”, чии активности интензивно течат во насока на реконструкција и адаптација на две постоечки простории и изградба на сосема нов дел во ова подрачно основно училиште, во кои треба да работи градинката.

Ќе функционираат  три групи од кои едната е јасли, а идејното решение изработено од општината опфаќа и креативни работилници, дистрибутивна кујна и перална.

Како дел од програмата за енергетска ефикасност која општина Кисела Вода ја имплементира во сите градинки и училишта на своја територија, и во ова училиште фасадата ќе биде заменета со нова, енергетски ефикасна, со што ќе се зголеми изолацијата на објектот. Исто така, постојниот дотраен покрив на училиштето ќе биде целосно реконструиран и со тоа ќе бидат надминати проблемите со протекување.

Општина Кисела Вода самостојно ги обезбеди средствата за овој проект , чија вредност изнесува 12 милиони денари. Истиот, е одговор на едно од најголемите барања на родителите од Припор кои досега своите деца мораа да ги носат во градинките во централниот дел на Кисела Вода.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa