Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Започна пошумувањето во општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 2
НајлошоНајдобро 

Во пресрет на овогодинешниот ден на дрвото кој ќе се одржи на 3 декември (среда), општина Кисела Вода, започна со пошумување на својата територија. Во текот на изминатата седмица 2500 зимзелени дрвца беа засадени во сите училишта, градинки, месни и урбани заедници.

 

 

Општина Кисела Вода би сакала да ги информира своите жители, кои секогаш масовно излегуваат на оваа традиционална акција, дека и оваа година, за Денот на дрвото е организиран бесплатен превоз до населеното место Миладиновци, каде ќе се одвива централниот настан.

Имено, во среда, од пред салата Расадник, автобусите ќе тргнат во 9 часот и во 11 часот.

Во 9 часот и во 11 часот, ќе има автобуси и во Драчево, кај Паркот на бранителите, спроти поштата.

За сите ученици во основните и средните училишта, поаѓањето е закажано во 9 часот и 30 минути, пред секое од училиштата.

 

Претстојната акција „Ден на дрвото есен 2014“, годинава се одвива под мотото „Стоп за катастрофите“. Поради нејзиното спроведување, 3-ти декември, среда, ќе биде неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa