Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Жителите на Припор и Камeник на средба со градоначалникот Беличанец-Алексиќ

Рејтинг на корисник:  / 2
НајлошоНајдобро 

Продолжуваат средбите на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ со жителите на месните и урбаните заедници од општина Кисела Вода. Заедно со претседателот на Советот Трајче Донев и преставници од општинската администрација, како и претставници од повеќе јавни претпријатија од градот Скопје, вчера, ги посети Припор и Каменик.

 Градоначалникот Беличанец-Алексиќ пред граѓаните го презентираше сработеното во овие населени места, а ја искористи и можноста, од нив, изворно да се информира за проблемите што ги засегаат и чие решавање треба да им го подобри секојдневното живеење. За потсетување, пред неколку месеци, во Припор, општина Кисела Вода, со средства од својот буџет, ја отвори првата детска градинка. Објекот “Стапалче” има две занимални, повеќенаменска работилница и јасли и е со капацитет од 75 дечиња. Просторот за оваа градинка се обезбеди со реконструкција и преадаптирање на две простории од ПОУ „Круме Кепески“ и со доградба, а е опремен според сите модерни стандарди. Претходно, ова училиште беше реновирано.

Во разговор со жителите на Припор, тимот од општина Кисела Вода ги информираше и дека ќе се изврши асфалтирање на улицата “Христо Татарчев”, конкретно, краците 22 и 23, а ги извести и дека ќе се изработи проектно-техничка документација за реконструкција и сообраќајно решение за делот од улицата “Мариовска”, кој води до спојот на реконструираната улица кај црквата во Теферич. Исто така, проблемот со фекалните отпадни води во овој дел од градот наскоро ќе биде решен со завршување на изградбата на модерен колекторски систем за фекални отпадни води кој е во тек и е заеднички проект на Минстерството за транспорт и врски, градот Скопје и општините Кисела Вода, Аеродром и Сопиште. Секако, активностите во поглед на тековна санација на уличното осветлување и крпење на ударните дупки, ќе продолжи со несмалена динамика и во Припор и во населбата Каменик, во која жителите добија и ветување дека ќе се изврши тампонирање на  крак од ул. “Борис Трајковски” бр. 34.

Можноста пред градоначалникот на општина Кисела Вода, граѓаните да дадат свои идеи, предлози и сугестии за подобрување на работата на локалната самоуправа, следната недела ќе ја имаат жителите на Пржино и Црниче.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa