Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Сите патишта ќе водат кон Кисела Вода!

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

БИЉАНА БЕЛИЧАНЕЦ-АЛЕКСИЌ ЗА ВЕСНИКОТ "ВЕЧЕР"НАЈАВИ БРОЈНИ ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД

13 април 2015 

На средбите со граѓаните во сите 15 урбани и месни заедници во општината, Биљана Беличанец-Алексиќ најави дека жителите на Пинтија ќе добијатградинка во близина на своето место на живеење, а во градинките "Пеперутка 1" и "Пеперутка 2" во населбата Драчево, досегашниот систем на загревање ќе биде заменет со целосно енергетски ефикасен. Дел од останатите проекти се санации во водоводата мрежа, изградба на атмосферска канализација, асфалтирање на улици и изградба на тротоари на целата територија на општина Кисела Вода

 

Изградба на нови градинки, подобрување на водоводнта мрежа, санација на игралишта, изградба на улици и тротоари се само дел од проектите кои ги најави градоначалникот на Кисела Вода, Биљана Беличанец-Алексиќ на средбите со граѓаните во сите 15 месни и урбани заедници во општината. На овие средби граѓаните се запознаа со тековните проекти на општината, но и со проектите кои се во план да се реализираат во следниот период. Добрата практика за средба со жителите во месните и урбани заедници, имајќи предвид дека токму таму е изворот на информации за потребите на граѓаните, и понатаму ќе остане да биде на висока позиција во листата на приоритети на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.

-Жителите на Пинтија ќе добијат градинка во близина на своето место на живеење, а во градинките "Пеперутка 1" и "Пеперутка 2" во населбата Драчево, досегашниот систем на загревање ќе биде заменет со целосно енергетски ефикасен. Имено, и во овие две градинки ќе бидат поставени котли што работат со биомаса како енергенс, исто како во новоотворената градинка во Црниче, која беше првиот јавен објект во Македонија во кој општина Кисела Вода го инсталираше ваквиот систем поради неговата повеќезначна предност пред системите кои користат друг тип на енергенси. Подобрување на условите за дечињата во градинките ќе има и во Пржино, каде веќе е нарачана проектно-техничка документација за целосна реконструкција на градинката "8 Март", посочуваат од Општината.

Во оваа урбана заедница во изминатиот период беше изградена пристапна патека за улицата "Мегленска", а од општината велат дека изработена е и коловозна патека и нејзино поплочување со павер елементи пред игралиштето "Славија" на улица "Полог", додека пак уличното осветлување е целосно променето со енергетски ефикасно. Исто така ќе се изведе и фекална канализација за улицата "Зеленгора 1", како и санација на улицата "Благоја Гојан".
Подобрувањето на водоводната мрежа е капиталниот проект кој при средбата со жителите на селото Драчево беше издвоен како приоритетен за овој дел од градот.

ЈП "Водовод и канализација" треба да изработи проект за реконструкција на трета фаза од водоводната мрежа со што значително ќе се подобри водоснабдувањето. Воедно, во селото Драчево ќе се прави трим-патека покрај каналот и мост на реката Мала Рада во месноста Порупи, велат надлежните. Правејќи ретроспектива на реализираното во Црниче, покрај отворањето на градинка во дел од ПОУ "Кузман Јосифовски Питу", објект кој претходно беше целосно реновиран, како и комплетната замена на системот за греење во него, градоначалникот Беличанец-Алексиќ на средбата со граѓаните потсети дека на оваа иста локација, во дворот на училиштето, беше изградено ново повеќенаменско игралиште преку Агенцијата за млади и спорт, со што младите од овој дел на градот добија простор за спорт и рекреација во близина на својот дом. Заедно со жителите на Црниче се дискутираше и за неодмнешното подигнување на шахтите и крпењето на дупки на повеќе улици, за замената на уличните светилки со натриумови. Беше најавена реализација на повеќе проекти од кои како позначајни се издвоија реконструкцијата на улицата "Жванска" со павер елементи, асфалтирање на крак од улица "Банско", крпење на дупки на улица "Рилски конгрес", изградба на тротоари на улица "Христо Татарчев" и реализација на сообраќајно решение за поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улица "Партенија Зографски, "Серска", "Дамбени" и "Банско".

До следниот циклус посети на месните и урбани заедници, граѓаните можат да ги презентираат своите барања, проблеми и потреби, поврзани со подобрување на условите за живеење во рамки на приемните денови кои непрекинато се одвиваат. Истите, се закажуваат на телефон 02/2785-400, по што граѓаните телефонски се контактираат за датумот и времето на средбата.

Изградба на атмосферска канализација во населбата 11 Октомври

Презентирајќи го досега сработеното во Усје градоначалникот Беличанец-Алексиќ го издвои новиот подобрен лик на поранешното подрачно училиште "Невена Георгиева-Дуња". Имено, овој објект неодамна беше реновиран и во него сега функционира првиот приватен Дневен центар за деца со посебни потреби во овој дел од градот "Св. Кирил".

- Активностите во урбаната заедница 11 Октомври-згради, пред се ќе бидат насочени кон изградба на три летниковци во близина на булеварот "Борис Трајковски", изградба на атмосферска канализација и проширување на паркинг-просторот кај улицата "Пушкинова". Во населбата 11 Октомври-бараки е предвидена изработка на проектно-техничка документација за изградба на атмоферска канализација на улицата "Браќа Грим", за асфалтирање на влезот на улицата "Трајко Иванов" во близина на игралиштето, за асфалтирање или поплочување со павер елементи на две улици што се протегаат паралелно со булеварот "Србија", велат од општината Кисела Вода.

Асфалтирање на улици и поставување на улично осветлување во Припор

Во населбата Припор, каде пред неколку месеци за прв пат се отвори градинка во новоизградениот дел од ПОУ "Круме Кепески", ќе се изврши крпење и асфалтирање на улицата "Христо Татарчев", конкретно, на краците 22, 23 и 27, а ќе се изработи и проектно-техничка документација за реконструкција и сообраќајно решение за делот од улицата "Мариовска", кој води до спојот на реконструираната улица кај црквата во Теферич. Исто така, проблемот со фекалните отпадни води во овој дел од градот, но и во Усје, Пинтија, Каменик и 11 Октомври-бараки, наскоро ќе биде решен со завршување на изградбата на модерен колекторски систем за фекални отпадни води кој е во тек и е заеднички проект на Минстерството за транспорт и врски, градот Скопје и општините Кисела Вода, Аеродром и Сопиште. Активностите во поглед на тековна санација на уличното осветлување и крпење на ударните дупки, ќе продолжи со несмалена динамика и во Припор и во населбата Каменик, во која жителите добија и ветување дека ќе се изврши тампонирање на крак од ул. "Борис Трајковски" бр. 34.

Изградбата на атмосферската канализација на улиците "Боро Камчевски" и "Фредерик Шопен", поставувањето на улично осветлување во населбата Бирарија, беа проектите за кои локалните жители беа многу задоволни и благодарни. Ним им беше најавено дека на споменатите улици, ќе се изврши асфалтирање на делот каде се вршени градежни активности.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa