Новости
Донација од 1500 сирупи за подигнување на имунитетот кај децата обезбеди Општина Кисела Вода преку донација од Алкалоид АД Скопје. Денес, преку Секторот за образование и предучилишно воспитување, им беа доставени на сите градинки кои се во надлежност на оваа локална самоуправа.
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи десетата пленарна седница на 10 мај 2022 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи десетата пленарна седница
-На денот кој од историски аспект обединува два значајни настани- 9 Мај, како Денот на Европа и како Денот на победата над фашизмот, чест ми е што токму општина Кисела Вода, е домаќин на еден ваков значаен настан, на кој имаме гости од осум европски држави. Заедно со Волонтерски Центар Скопје, преку проект од програмата „Еразмус+“ на Европската комисија преку белгиската Национална Агенција, денес ќе продискутираме за имплементацијата на младинските политики, пред се’, на локално ниво. Искуствата на оваа тема, од своите земји, ќе ни ги пренесат и младите учесници во програмата кои ќе ни бидат гости до 13-ти мај-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отворањето на денешната дебата на која учествуваа триесетина младински работници од осум земји.
Повеќе: Со дебата на млади од осум европски земји, во Кисела Вода се одбележа 9 Мај
Преку 1000 посетители денес беа дел од манифестацијата која Општина Кисела Вода ја организираше по повод својот патронен празник.
Повеќе: Со над 1000 посетители, одбележан патронатот на Општина Кисела Вода
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директорот на Центарот за скопски плански регион Љупчо Кец Мицковски денес го посетија училиштето “Круме Кепески”. Тоа е едно од училиштата што доби смарт табли преку проектот “Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“.