Новости
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи деветата пленарна седница на 26 април 2022 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи деветата пленарна седница
Во овие денови кога се празнува Велигден, дозволете ми на сите граѓани од православна вероисповед да ви го честитам најголемиот празник со желби за добро здравје, семејна хармонија, меѓусебна почит и личен просперитет. Христовото воскресение е симбол за победата на животот над смртта, на љубовта над злото, симбол за чудата што ги носи божјиот благослов. Истрајноста, праведноста и чистото срце нека бидат вредностите кои секој од нас го движат напред, во секој нов ден. Нека Бог биде секогаш со вас! За многу години празникот – Христос воскресна!
Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари работна средба со претставниците на “Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија.
Општина Кисела Вода обезбедува место за згрижување на преку 400 дечиња со отворање на три нови градинки. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности во Усје, каде течат подготвителни активности за адаптација со пренамена на објектот.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Усје, Расадник и Драчево добиваат нови градинки
“Каменот си тежи на своето”, истакна ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент при посетата на Општина Кисела Вода, каде оствари работна средба со градоначалникот Ѓорѓиевски. Професор д-р Аце Миленковски, во минатото и самиот градоначалник, детството го минал во Кисела Вода, па го искажа своето задоволство што има можност да соработува со општината која секогаш ќе ја смета за своја матична.