Новости
Веднаш по добиената информација за избувнатиот пожар во напуштениот објект во населбата Пржино, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со општинските служби излезе на терен со цел да помогне во справување со огнот. Им се заблагодари на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови успеаја да го локализираат пожарот. Воедно, поради информациите кои кружат за влијание на човечки фактор во овој немил настан, апелираше за брза и сериозна истрага.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски заедно со пожарникарите на опожарениот објект во Пржино
Маски и весело расположение го одбележаа денешниот Први април.
Повеќе: Децата од општина Кисела Вода со маски по повод Денот на шегата
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера беше домаќин на претседателот на турската фондација во Македонија, “Маариф”, Мехмед Баран, директорот на кампусот во Скопје, Зекерија Арслантурк и нивниот асистент, Нуман Идриз.
Повеќе: Договорена соработка помеѓу Општина Кисела Вода и турската фондација "Маариф"
Финализираат градежните работи за санација на коловозот на улицата “Рилски Конгрес” во населбата Црниче, кои течеа во изминатите три седмици. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во асфалтирањето на улицата, на што претходеше гребење на постоечкиот оштетен асфалт и нивелирање на шахтите.
Повеќе: Се асфалтира улицата “Рилски Конгрес” во населбата Црниче
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети ООУ “Св. Климент Охридски”, во кое од вчера се поставени нови дигитални табли. Истите се дел од донацијата која Општина Кисела Вода ја обезбеди преку партнерство со Центарот за развој на Скопски плански регион и преку која, 16 вакви уреди се распоредени низ сите општински училишта.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Обезбедивме 16 нови дигитални табли за основните училишта во Кисела Вода