Новости
Голем, триесетгодишен проблем на жителите на Црниче започна да се решава денес. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалничката на Град Скопје и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, присуствуваа на отпочнување на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улиците “Церска” и “Христо Узунов”.
Повеќе: По три децении нова водоводна мрежа на улиците “Церска” и “Христо Узунов”
Повеќе бездомни кучиња беа заловени од неколку фреквентни локации во општина Кисела Вода од страна на ЈП “Лајка”. По пријави од повеќе граѓани, во координација со Општина Кисела Вода, заловувачкиот тим на ова претпријатие делуваше на ул. “Димитрија Чуповски”, ул. “Малешевска”, ул. “Борис Трајковски”, населба Пинтија, ул. “Димо Хаџи Димов”, ул.” Христо Татарчев” и ул. “Антон Димитров”.
Повеќе: Координирана акција на ЈП Лајка и Општина Кисела Вода за заловување на кучиња скитници
Од Кисела Вода, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, го најавија денешниот почеток на пролетната работна акција низ сите скопски општини.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го предводеше тимот од Општина Кисела Вода, кој заедно со граѓанската иницијатива ,,Не биди ѓубре” предводени од актерката и екоактивист Ирена Ристиќ, волонтерскиот центар ,,Скопје” и други доброволци го расчистуваа потегот кај ,,Хемтекс” кај патот од Пинтија за Лисиче.
Повеќе: Општина Кисела Вода и тимот на “Не биди ѓубре” чистеа огромна дива депонија
Уште еден приемен ден се одржува денес за жителите од општина Кисела Вода. Преку 30 граѓани кои имаа потреба да се сретнат со градоначалникот Ѓорѓиевски денес лично ги изложуваат своите проблеми и заеднички дискутираат околу динамиката на нивното надминување.
Повеќе: И оваа сабота, градоначалникот Ѓорѓиевски одржува приемен ден за преку 30 граѓани