Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Новости

Општина Кисела Вода и УНДП времено ангажираат негуватели за стари лица

Рејтинг на корисник:  / 0

Заврши јавниот оглас за ангажирање на негуватели за стари лица преку програмата „Општинско-корисна работа“, проект “Се грижиме за возрасните”, која Општина Кисела Вода ја спроведува во соработка со УНДП. Невработените лица кои аплицираа на овој повик и кои ќе бидат избрани, ќе бидат задолжени за помош на стари лица кои живеат сами во домашни услови и имаат потреба од помош во извршување на секојдневните обврски и активности.

Повеќе: Општина Кисела Вода и УНДП времено ангажираат негуватели за стари лица

СООПШТEНИЕ за организирање на јавна презентација и јавна анкета

Рејтинг на корисник:  / 0

за Предлог ДУП за Градска Четврт Ј15, Блок 15.04, Општина Кисела Вода, плански период 2019-2024 година

Населено место Припор

Време и место на одржување на јавна анкета

Јавната анкета по Предлог ДУП за Градска Четврт Ј15, Блок 15.04, Општина Кисела Вода, плански период 2019-2024, ќе се спроведе со излагање на предлог - Планот  во просториите на Општина Кисела Вода (барака 7) –Голема сала, како и на веб страната на Општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk.

ЈАВНАТА АНКЕТА ЌЕ ТРАЕ ПОЧНУВАЈКИ ОД  12.08.2021 – 27.08.2021 ГОДИНА

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во архивата на Општина Кисела Вода (барака 6),секој работен ден од 08:30-16:00 часот, како и преку информацискиот систем e-urbanizam.

Местоположба и површина на опфатот на планот

Опфатот е со површина од 36,71 ха.

Планскиот опфат по осовини на сообраќајници е:

-на исток и на југ се движи по осовината на собирната улица „Христо Татарчев“ – крак (ул. „Сава Ковачевиќ“), како што е планирана со ГУП на Град Скопје 2012-2022,

- на запад и на север се движи по осовината на новопланираната сервисна улица „С1“,како што е планирана со УПЧ Ј 15 Скопје 2013-2022.

Општина Кисела Вода започна со санација на улица “Малешевска 1” во должина од 1.3 км

Рејтинг на корисник:  / 0

Отпочнаа градежните активности за санација на ул. “Малешевска 1” во населбата Драчево. Екипите на фирмата изведувач “Топ Билд”, ангажирана од општина Кисела Вода, од денес започнаа со копање на постојниот асфалт кој е видно оштетен.

Повеќе: Општина Кисела Вода започна со санација на улица “Малешевска 1” во должина од 1.3 км

Општина Кисела Вода врши енергетска обнова на градинката Сончоглед

Рејтинг на корисник:  / 0

Течат градежните активности за енергетска обнова на градинката “Весели Цветови”, објект “Сончоглед” во општина Кисела Вода. Се работи за замена на фасадата со нова, термоенергетска, со што, дечињата кои тука го поминуваат работниот ден ќе добијат подобрени услови. 

Повеќе: Општина Кисела Вода врши енергетска обнова на градинката Сончоглед

Се санира фискултурната сала во ООУ Св. Климент Охридски во с.Драчево

Рејтинг на корисник:  / 0

Преку низа активности во насока на подобрување на условите, училиштето ,,Св. Климент Охридски" од с.Драчево се подготува за почеток на новата учебна година. Интензивно се работи на санација на санитарните јазли и туш кабини  во фискултурна сала, за што се издвоени 407.000,00 денари.

Повеќе: Се санира фискултурната сала во ООУ Св. Климент Охридски во с.Драчево

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa