Насловна
Кисела Вода е првата општина која ќе понуди системско решение за справување со булингот. На денес одржаната седница на Локалниот совет за превенција, градоначалникот Ѓорѓиевски ја промовираше првата од сетот мерки која од денес им стои на расплагање на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски.
ООУ “Кирил Пејчиновиќ” е победник во финалето на одбојкарскиот турнир во рамки на возобновениот училишен спорт, кое се одигра денес, на Меѓународниот ден на спортот. Во финалната средба, ,,Кирилци“ предводени од најдобриот играч на средбата и на турнирот Марија Кузмановска, заслужено, со 2:0, славеа против своите врснички од ООУ “Круме Кепески”.
Повеќе: Со финале во одбојка, Кисела Вода го одбележа Меѓународниот ден на спортот
Општината Кисела Вода успеа во намерата да го возобнови училишниот спорт. Во утрешното финале на одбојкарскиот турнир (девојчиња) ќе играат ООУ “Кирил Пејчиновиќ” - ООУ “Круме Кепески”.
Продолжува градежната офанзива низ улиците во општина Кисела Вода. Денес градоначалникот Ѓорѓиевски беше во населбата Драчево, каде, со отпочнатите активности, нов асфалт ќе добие улицата “Бранко Заревски” на потегот од крстосницата помеѓу “Славка Динкова” до “Малешевска”.
Повеќе: 2000 квадратни метри асфалт за улиците “Бранко Заревски” и “Ниџе Планина”