Насловна
Утре, петок, 19.12.2014, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 10:30 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Кои се најпрепознатливите македонски јадења, музички инструменти, како изгледаат македонските носии, македонските ора, кои се најзначајните одбележја на македонскиот народ?
Повеќе: „Етно разгледница на Република Македонија“од учениците од ООУ„Невена Георгиева-Дуња“
Поради изведување на водоводен приклучок профил ф-150 милиметри на улица “Јустинијан Први” (поранешна “Драчевска”) број 128, без водоснабдување, денес, ќе останат корисниците од село Драчево. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека корисниците ќе немаат вода од 10:30 часот па се до санирање на дефектот.
Основното училиште “Круме Кепески” од општина Кисела Вода се здоби со титулата државен првак во карате. Државното првенство се одржа во Битола, во гимназијата “Јосип Броз Тито”, во организација на ФУСМАК (Федерација на училишен спорт на Македонија) и Карате федерацијата на Македонија.
Повеќе: ОУ,,Круме Кепески” од општина Кисела Вода државен првак во карате
Манифестација во чест на книгата одржаа учениците од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода. Насловена „Книгата е нашиот живот“, ја реализираа секциите водени од тимот на наставници по македонски јазик и библиотекарот на училиштето.
Повеќе: Манифестација во чест на книгата во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“