Насловна
Под мотото „Низ страниците на стариот дневник“, ОУ„Св. Климент Охридски“ од селото Драчево, ги прослави двата големи јубилеја- 90 години од постоење и 70 години од воведувањето на настава на македонски јазик.
Повеќе: Два значајни јубилеја за ОУ„Св. Климент Охридски“ од селото Драчево
Со свечена приредба, во присуство на голем број гости, ОУ “Невена Георгиева Дуња”, ги прослави 50те години континуитет и успех, половина век постоење и активно работење на полето на образованието и воспитанието на многу генерации.
Повеќе: ОУ “Невена Георгиева Дуња” одбележа половина век постоење
Претставници на општинската администрација, советници, претставници на сите месни и урбани заедници од општината, граѓани, жители на општина Кисела Вода денес беа дел од акцијата за дарување крв, организирана од општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
Општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода организира крводарителска акција која ќе се одржи во петок, на 05 декември, петок, од 11 до 15 часот, во големата сала на општината. Акцијата е традиционална и се организира во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.
Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани хумани луѓе да се вклучат во оваа акција, да даруваат крв и да спасат нечиј живот. Во неа ќе учествуваат и претставници на општинската администрација и членови на сите месни и урбани заедници од општината.
Денес, во просториите на ООУ„Кирил Пејчиновиќ“, општина Кисела Вода, се реализираше проектот „Градиме Мостови“ кој е под покровителство на МОН, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на овој проект е да ја зголеми интеракцијата, разбирањата и интеграцијата во училишната средина.
Повеќе: Проектот „Градиме Мостови“ успешно спроведен во ООУ„Кирил Пејчиновиќ“