Насловна
Ве известуваме дека Дваесет и првата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 30.10.2014 година (четврток) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 21-та пленарна седница
Утрe, 29.10.2014 година, средa, во 11 часот, на улица Христо Татарчев, во близина на ОУ„Круме Кепески“, на последниот ден од тридневната акција за чистење на Општина Кисела Вода ќе присуствуваат градоначалниците на Град Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец - Алексиќ. Со оваа акција официјално почна единаесеттиот циклус на посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните заедници.
Со цел превентивно делување и спречување на потенцијални пожари, општина Кисела Вода ги повикува сите жители на оваа територија кои за затоплување на своите објекти користат тврдо гориво, да ги исчистат оџаците. Нивната неисправност и нередовно чистење и одржување претставува сериозна опасност која може да има немерливи последици. Имено, неисчистениот оџак значи ризик од пожар, зголемена емисија на штетни гасови и до 20% поголема потрошувачка на енергија. Чистењето на оџаците е задолжително и согласно Правилникот за исправна состојба на оџаците, домаќинствата се обврзани да ги одржуваат оџаците два пати низ зимскиот период и еднаш, надвор од сезоната.
Со молитва и запалена свеќа, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска во црквата Св. Петка во населбата Црниче, се приклучи во одбележувањето на големиот христијански празник посветен на оваа светица. На литургијата со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски Агатангел, присуствуваа голем број на православни верници . Почитувајќи ја долгогодишната традиција на чествување на заштитничката од разни несреќи, но и од многу болести, Света Петка, тие запалија свеќи за здравје токму во храмот кој е изграден во нејзина чест.
Градоначалникот Беличанец-Алексиќ , користејќи ја оваа пригода, на сите православни граѓани им го честита светиот ден, посакувајќи им благосостојба и добро здравје.
И градинката "Весели цветови"-објект "Синоличка", се приклучи кон проектот "Градина во детските градинки" , кој се спроведува од страна на Министерството за труд и социјална политика, во соработка со единиците на локалната самоуправа и детските градинки ширум Република Македонија.
Повеќе: Новоотворена градина во градинката ” Весели цветови”-објект “Синоличка”