Насловна
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата и втората пленарна седница на 10.04.2023 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
1.Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата (Ј) – комунални дејности за 2023 година;
2.Предлог – Програма за измена на динамиката на Развојната програма – Програма од надлежност ЕАО – капитални трошоци на Општина Кисела Вода, Развојна Програма ЕАБ – набавка на интегриран ГИС систем за дигитализација на интерни процеси во Општина Kисела Вода;
3.Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата од надлежност (В) и Програмата ( ВA) – предучилишно воспитување за 2023 година;
4.Предлог - Развојна Програма - Програма ЛАА – спорт и рекреација (капитални расходи) реконструкција на спортско игралиште и урбана опрема во Расадник 2023 – 2025 година;
5.Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за култура (К4) културни манифестации и творештво и Програма (КА) културни манифестации и творештво – капитални расходи за 2023 година;
6.Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година;
7.Предлог – Одлука за утврдување на членови на Иницијативен одбор за свикување и одржување на конститутивна седница на Локално собрание на млади;
8.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.
35 студенти од Италија заедно со свои професори од факултетот за архитектура Политехнико од Торино, придружувани од зам. Амбасадорот на Италија во Македонија, Марио Де Роса, ја посетија Општина Кисела Вода.
Повеќе: Архитекти од Италија заинтересирани за изработка на ДУП за Расадник
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес е во урбаната заедница Кисела Вода, каде од утрово започнаа градежни активности за санација на улицата “Козјак”, како и партерно уредување на просторот во непосредна близина.
Повеќе: Кисела Вода: Асфалтирање и партерно уредување на ул. “Козјак”
Продолжува големиот градежен зафат на Општина Кисела Вода за санација на улиците во населбата Драчево. Денес градоначалникот Ѓорѓиевски ја посети улицата “Малешевска”, која поради својата местоположба, важи за една од најфреквентните улици во овој дел од општината, но и покрај тоа, не е темелно санирана од 80-тите години на минатиот век, кога била изградена.
Општина Кисела Вода во соработка со фирмата ТОКСИ-ВЕТ ДООЕЛ-Скопје од понеделникот, 27.03.2023, започна со вршење на пролетна системска дезинфекција, дезинсекција и дератизација за уништување на штетните глодари на на јавните површини.
Повеќе: Пролетна дератизација за уништување на глодари во Кисела Вода