Насловна
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ, денес оствари работна средба со Кристен Шелтон, командир од Полицискиот президиум од Јужен Хесен, Германија.
Повеќе: Полициски командир од Јужен Хасен, Германија на средба со Градоначалникот Беличанец
Поради неповолните временски услови, вечерашниот настан "Вечер на графити", кој требаше да се одржи позади спортското игралиште Славија во населба Пржино, се одложува за наредниот викенд
На 1300 метри квадратни во реконструираното подрачно основно училиште “Кузман Јосифовски Питу”, младите ќе можат да играат фудбал, кошарка и ракомет. За игралштето, кое е дел од владината програма за изградба на повеќе спортски терени, Владата на Република Македонија, преку Агенцијата за млади и спорт, издвои 8 милиони денари.
Општина Кисела Вода Ве известува дека во сабота (20.09.2014) година на игралиштето “Славија” во Пржино, од 20.00 до 22.00 часот, организира настан “Вечер на графити”.
На настанот учество ќе земат младите жители од општина Кисела Вода кои ќе имаат можност да ја изразат својата креативност и умешност преку изработката на графити.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Секретарот на Општина Кисела Вода Марјанчо Тодоровски како и претставници од кабинетот на Градоначалникот на општината денеска присуствуваа на настанот организиран од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во детската градинка „Кокиче“ во склоп на „Весели Цветови“ Кисела Вода.
Повеќе: Кампања “Да ги заштитиме децата во сообраќајот” во градинките во Кисела Вода