Насловна
Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа објавуваат
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на такси возачи вработени во правни лица
лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија за посетување на обука за изучување на англиски јазик
Повеќе: Јавен повик за такси возачи за посетување на обука за изучување на англиски јазик
Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија изработува тендерска документација за рехабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа во Република Македонија (тендер бр. 7).
Во рамките на тендерската документација изготвен е и Елаборат за заштита на животната средина кој може да го превземете во македонска и англиска верзија :
Стартува нов проект низ училиштата во општина Кисела Вода кој има за цел подобрување на исхраната на учениците во училиштата-објави денес на прес конференција градоначалникот на општината Билјана Беличанец-Алексиќ. Пред присутните новинари, заедно со нутриционистот Тања Турунџиева и претседателот на Советот Трајче Донев, ги најавија промените кои од оваа учебна година започнуваат да се спроведуваат низ основните училишта на територија на оваа општина.
Повеќе: Нутриционист ќе ги изготвува менијата за основците од општина Кисела Вода
Денес, вторник, 09.09.2104година, со почеток во 10:00 часот во Големата сала на oпштина Кисела Вода, прес конференција ќе одржи градоначалникот на оваа општина Билјана Беличанец-Алексиќ, по повод новиот проект заaнгажирање на нутриционист во изработка на менијата за прехрана на учениците во основните училишта во општина Кисела Вода. На пресот ќе говори и нутриционистот Тања Турунџиева.
Општина Кисела Вода Ви го честита 8 Септември, денот на независноста на Република Македонија! Денес, кога одбележуваме 23 години независност, сувереност и самостојност, посакуваме заеднички да славиме уште многу години успех и просперитет на нашата држава!
Нека ни е честит и вечен денот!
За многу години Македонија!