Насловна
Амбасадорот на Република Србија во Македонија Душанка Дивјак-Томиќ денеска им се заблагодари на сите оние кои донираа за помош на поплавените подрачја во нејзината земја. На приемот во Амбасадата на Србија им беа врачени благодарници на донаторите на хуманитарна помош.
Јавното говорење како вештина, каде подготвеноста и ставот се видливи во првиот момент и каде клучна улога има интеракцијата со публиката, беше тема на денашната презентација на претседателот на советот на град Скопје, м-р Ирена Мишева пред советниците од општина Кисела Вода.
Повеќе: Презентација за јавно говорење на м-р Ирена Мишева пред советниците од општина Кисела Вода
Од понеделник започнува нов времен сообраќаен режим, според кој, до 1 септември, товарни моторни возила нема да можат да возат низ Скопје, во периодот од 10 до 20 часот. Како што појаснуваат од Град Скопје, оваа мерка се воведува со цел да се заштити коловозот од оштетувања предизвикани од големите осни оптоварувања на тешките товарни моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото.
Повеќе: Забрана за движење на тешки моторни возила низ цело Скопје
ОУ „Св.Климент Охридски“ од с.Драчево , општина Кисела Вода, е едно од трите основни училишта кои се најбезбедни и најчисти во Македонија. Ова се резултатите од пилот проектот на Министерството за образование, кој се спроведува во насока на обезбедување на безбедноста и хигиената во училиштата.
Општина Кисела Вода им го честита крајот на учебната година на сите ученици, а на полуматурантите и матурантите им посакува успешен избор на институцијата во која ќе го стекнат понатамошното образование, како и многу нови знаења и лични успеси.