Насловна
Денеска, среда, 28.05., со почеток во 13 часот и 30 минути во просториите на управата на ЈДГ ”8-ми Март” во општина Кисела Вода, се одржа презентација на тема׃ ”Насилство врз децата” .
Повеќе: Јавна трибина на тема "Насилство врз децата" во општина Кисела Вода
Енергетската обнова на ОУ “Партенија Зографски” ги исполни критериумите на експертите од комисијата на фондацијата Енерџи Глоуб и ја понесе наградата најдобар еколошки проект од Македонија за 2014.
Утре, вторник, 27 мај, во 10:00 часот, во основно училиште “Партенија Зографски”, во општина Кисела Вода, ќе се одржи церемонијата Energy Globe Award 2014 Macedonia, на која ќе му биде доделена награда на советникот од општина Кисела Вода, Славко Митовски за енергетската обнова на ОУ “Партенија Зографски”. На свеченоста збор ќе земат трговското аташе на Република Австрија во Македонија, Герхард Шлатл, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и добитникот на наградата Славко Митовски. Настанот е во организација на Трговското одделение при Австриската Амбасада.
Ве известуваме дека утре, 27.05.2014 година (вторник) со почеток во 11,00 часот ќе се одржи Продолжение на Тринаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која беше одржана на 4.02.2014 година.
Продолжува процесот на решавање на децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти во општина Кисела Вода. Нови 50 решенија за легализација на дивоизградени објекти денеска додели градоначалникот на општината, Билјана Беличанец-Алексиќ.
Повеќе: Расте бројот на легализирани дивоградби во општина Кисела Вода