Насловна
Завршени се новите пешачки скалила во населбата Црниче. На местото од старите дотраени, од улицата „Чедомир Кантарџиев“ до улицата „Наум Охридски“ во должина од 110 метри се простираат нови проширени поплочени скалила , со потпорен ѕид, обложен со кршени павер елементи. Исти вакви скалила, но во должина од 85 метри се протегаат и меѓу улиците „Партение Зографски“ и „Павел Шатев“.
Во заедничка посета на ОУ “Св.Климент Охридски” во село Драчево каде ќе биде лоцирано новото повеќенаменско играчиште, денес беа градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и новиот директор на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески.
Градежните активности од страна на фирмата “Бауер БГ” се во полн ек. Игралиштето ќе се протега на вкупна површина од 1.300 квадратни метри, и ќе содржи два гола за мал фудбал и ракомет, како и четири коша. Ќе располага со сите спортски реквизити и урбана опрема, ќе биде комплетно осветлено за да може да се користи и во вечерните часови. Изградбата ја финансира Владата на РМ, преку Агенцијата за млади и спорт. Вкупната негова вредност изнесува 7 398 000 денари.
Ве известуваме дека во петок (07.02.2014), со почеток во 09:30 часот, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески, ќе остварат официјална посета и увид во градежните активности на повеќенаменското игралиште кое се гради во ОУ "Св.Климент Охридски" во с.Драчево. Ве покануваме да испратите новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) за да го проследите настанот.
Продолжуваат континуираните заложби на општина Кисела Вода за подобрување на условите за живеење на жителите на оваа територија. Акцијата за реконструкција на тротоарите по сервисните улици е во полн ек.
Ве известуваме дека тринаесетата пленарна седница на Советот на општина Кисела Вода ќе се одржи на 04.02.2014 год.(вторник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 13-та пленарна седница