Насловна
Дел од корисниците лоцирани на улиците „Саса“ и „8“ во населбата Пинтија, општина Кисела Вода денеска од 11 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се со цел реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони.
Ширењето невистини и манипулации од страна на СДСМ продолжуваат и понатаму. Денешната реакција на ОО СДСМ Кисела Вода на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ е само потврда за фактот дека во недостиг на аргументи, неоснованите обвинувања на опозицијата се беспомошно оружје со кое сакаат да го прикријат задоволството на граѓаните на Кисела Вода за сработеното во изминатиот период.
Денеска, 21.01.2014 (вторник), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, одржа прес конференција на која даде осврт на сработеното во изминативе 9 месеци, откако дојде на чело на општината. Истакна дека ова беше успешна година, полна со предизвици, градежни активности и енергична работа, чија реализација немаше да ги даде очекуваните ефекти без големата поддршка и помош од жителите на општината. Потенцираше дека за краток период, имајќи ја и поддршката од централната власт и Градот Скопје, се реализирани преку 40 проекти од инфраструктурата, образованието, културата, социјалната заштита, комуналните дејности и сите области каде општината има надлежности.
Ве известуваме дека дванаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 24.01.2014 год.(петок) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 10-та пленарна седница;
-Усвојување на Записникот од 11-та пленарна седница;
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 12-та пленарна седница
Ве известуваме дека на 17.01.2014 во периодот од 08-15 часот, поради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони.без снабдување со електрична енергија ќе останат населените места:
- Дел од с.Усје,
-дел од ул. Првомајска(од крстосница со бул. Србија кон Охис)