Насловна
Утре 04.07.2013 година, четврток/ во 11 часот во бараките на Општина Кисела Вода, ќе се одржи средба на јавните претпријатија на градот Скопје и градската администрација со претставници на урбаните и месните заедници на Општина Кисела Вода.
На средбите ќе присуствуваат и градоначалниците на Град Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ.
Културните настани во рамките на овогодинешното, 8-мо издание на културното лето во Кисела Вода продолжуваат и оваа работна седмица. Културнио бран од верско – рекреативниот центар “Три круши” ќе се префрли во дворот на подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во нас. Црниче, каде во среда (03.07.2013) со почеток во 21:00 часот, концерт ќе имаат милениците на младата публика, Р&Б дуото ДНК.
За смеа до солзи пак, ќе се погрижи актерот Гораст Цветковски со презентација на неговата препознатлива стенд – ап комедија.
Влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.
Хуманитарната коријада 2013, која поради временските неприлики се одложи, ќе се реализира утревечер (02.07.2013) во паркот “Шопен”. Во периодот од 18:00 – 20:00 часот, Активот на жени – пензионери од Кисела Вода во соработка со општината Кисела Вода и волонтерите од Дневниот центар на Црвениот Крст ќе ја организираат традиционалната “Хуманитарна Коријада”, на која присутните граѓани по симболични цени ќе можат да дегустираат дел од вкусните пити, подготвени од вештите раце на жените пензионери од Кисела Вода. Собраните средства ќе бидат наменети за Дневниот центар на Црвениот Крст и за социјално загрозени стари лица од Општина Кисела Вода. Манифестацијата е под покровителство на Општина Кисела Вода.
Одлична забава, со традиционална македонска игра и песна понуди културниот бран на “Три круши”. За тоа се погрижи ансамблот Македонија, кој во петокот на Верско-рекреативниот центар одржа незаборавен целовечерен концерт.
Повеќе: Драчевчани уживаа во македонскиот фолклор и етно-мелос
Со неколку настани, денеска најстарата општина во градот Скопје го прославува нејзиниот 58-ми роденден. Одбележувањето започна со свечена седница на Советот на општината, на која присуствуваа потпретседателот на Собранието на Република Македонија, поранешни претседатели на Советот, поранешни советници, претставници на бизнис заедницата, членови на општинската администрација, претставници на основните училишта, детските градинки и други гости. Свечената седница ја отвори претседателот на Советот на општината, г-нот Трајче Донев, кој ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивното присуство.