Насловна
Со филмот “Cinema Komunisto” на режисерката Мила Турајлиќ, вечерва се отвора првото Кино на отворено во Кисела Вода, кое до недела на публиката ќе и понуди повеќе интересни кинематографски остварувања. Секоја вечер со почеток од 21 часот, во паркот Македонија, непосредно до Домот на кутурата Билјана Беличанец, посетителите ќе можат да погледнат по два филма.
Повеќе: Вечерва “Cinema Komunisto”, утре “Стела” на “Кино на отворено” во Кисела Вода
Општина Кисела Вода во партнерство со Македокс организира „Кино на отворено“ кое ќе се одвива во периодот од 09 до 14-ти август. Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во паркот Македонија, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец”.
Кисела Вода имала и се’ уште има талентирани спортисти кои бележат интернационални успеси. Ваква е професионалната приказна на Жарко Ристоски, поранешен капитен и селектор на македонската одбојкарска репрезентација. Тој, заедно со својот син, Лука, кој успешно ги следи стапките на татко си, беше гостин на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Повеќе: Одбојкарите Жарко и Лука Ристоски на средба со градоначалникот Ѓорѓиевски
Општина Кисела Вода за прв пат ќе добие модерен затворен пазар. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишаа Договорот за финансиско партнерство, преку кој наскоро започнува изградбата на современо здание на местото од некогашниот див пазар.
Делегација од Општина Кисела Вода, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, утринава на Градските гробишта во Бутел, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје, во 1963-та година.