Page 10 - 1460 дела
P. 10
ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ПЕРИОДОТ 2013 - 2017 11
РЕАЛИЗИРАНИ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ
ДВА НОВИ УЧИЛИШНИ ОБЈЕКТИ
ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
НОВА УЧИЛИШНА ЗГРАДА ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД ООУ „НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА- ДУЊА”
Учениците од основното училиште „Невена Георгиева- Дуња“, кои наставата ја следеа во дот-
раени бараки, изградени во 1964 година како постземјотресна донација од Франција, учебна-
та 2016-2017 година ја започнаа во новоизграден објект. Новата училишна зграда има површи-
на од 2 200 м2, со 15 училници и 5 кабинети и капацитет за 600 ученици. Инвестицијата вредна
повеќе од 80 милиони денари е на Министерството за образование и наука на РМ.
Лифт за деца
со посебни потреби
ИЗВРШЕНА ЕНЕРГЕТСКА ОБНОВА НА
СПОРТСКАТА САЛА ВО ООУ „НЕВЕНА
ГЕОРГИЕВА-ДУЊА”
Општина Кисела Вода презеде реконструктивни зафати
во спортската сала на новоизграденото основно учи-
Наставата се одвиваше во бараки изградени во 1964 година лиште „Невена Георгиева Дуња“. Преку потпишаниот До-
говор за соработка за заедничко инвестирање во креи-
рање на мерки за енергетска ефикасност на локално
ниво, од страна на градоначалникот на Општина Кисела
Вода и постојаниот претставник на УНДП во Македонија,
се замени кровот на училишната сала, се направи замена
на прозорците со високо енергетски прозорци и се по-
стави енергетска фасада. За оваа цел, Општина Кисела
Вода и УНДП обезбедија 4.270.650,00 денари.
www.kiselavoda.gov.mk