Page 9 - 1460 дела
P. 9

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ПЕРИОДОТ 2013 - 2017  9
 РЕАЛИЗИРАНИ  КАПИТАЛНИ  ПРОЕКТИ

 ДВА НОВИ УЧИЛИШНИ ОБЈЕКТA ВО

 ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

 УЧЕНИЦИТЕ ОД “РАЈКО ЖИНЗИФОВ, СИМБОЛ НА КИНЕСКО-МАКЕДОНСКОТО
 ПРИЈАТЕЛСТВО” ДОБИЈА НОВ ОБЈЕКТ ВРЕДЕН 4 МИЛИОНИ ЕВРА

 На 1 септември 2014 година беа отворени вратите на новото училиште „Рајко Жинзифов, сим-
 бол на кинеско-македонско пријателство” во населбата Драчево. Реализацијата на овој проект
 значеше исполнување на едно големо ветување дадено пред жителите на населбата Драчево.
 Учениците посетуваа настава во недостојни услови,  во стари и дотраени бараки, изградени во
 далечната 1964 година.
 Новиот училишен објект се протега на 4 500 квадратни метри во кои се сместени 35 училници, 5
 модерно опремени кабинети и библиотека. Во дворот, на 16 000 м2 има: фудбалско игралиште,
 кошаркарско игралиште, атлетска патека, простор за слободни активности на отворено. Сред-
 ствата за овој проект, вреден околу 4 милиони евра, кој во Општина Кисела Вода се изведуваше
 преку Секторот за локален економски развој, се обезбедени како дел од склучениот договор
 на Владите на Република Македонија и НР Кина во рамки на билатерална соработка.






























 Старото училиште беше изградено во 1964 година    Основците од ООУ „Рајко Жинзифов, симбол на
                                                   кинеско-македонско пријателство”, во првото
                                                   тримесечие од 2018 година, ќе добијат и нова
                                                   училишна спортска сала. Нејзината изградба
                                                   започна годинава, а средствата во износ од
                                                   20. 178 960, 00 денари се обезбедени преку до-
                                                   нација од „IPPR”, Владата на Република Кина,
                                                   Владата на Република Македонија и Општина
                                                   Кисела Вода.        www.kiselavoda.gov.mk
   4   5   6   7   8   9   10   11   12   13   14