Насловна
Поради изведување на водоводен приклучок профил ф-150 милиметри на улица “Јустинијан Први” (поранешна “Драчевска”) број 128, без водоснабдување, денес, ќе останат корисниците од село Драчево. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека корисниците ќе немаат вода од 10:30 часот па се до санирање на дефектот.