Општина Кисела Вода во рамки на есенската акција за чистење на својата територија започна со активности за расчистување на сметот во месните заедници Припор и Усје.
Во овие месни заедници, во моментов се врши расчистување на сметот на сите јавни површини кои се во надлежност на Општина Кисела Вода. Се чистат тротоарите, улиците и тревните површини. Со акцијата опфатено е кастрење на гранките на дрвјата и грмушките.
Во исто време се одвиваат и активности за собирање на кабаст отпад.
За успешно одвивање на оваа акција, Општината вклучи 20 сезонски работници и еден камион.
Локалната самоуправа од почетокот на есенската акција, досега спроведе активности за чистење во повеќе месни и урбани заедници.