Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 09:00 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улиците „Пејо Јаворов“ и „Милан Мијалковиќ“. Додека од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците: „Димитар Мирачиев“, „Трајко Иванов“ и „Ефтим Спространов“.
Од РЦУК - Скопје соопштија дека прекините ќе бидат заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.