Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи единаесеттата пленарна седница на 08 јуни 2022 година (среда) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
- Усвојување на Записникот од 10-тата пленарна седница
1. Предлог - Одлука за кофинансирање на проектот “Домот на култура (кино) “Билјана Беличанец” – ДОМ ЗА СИТЕ НАС“ - набавка на аудио и кино опрема;
2. Предлог - Одлука за кофинансирање на пректот “Изградба на затворен пазар во општина Кисела Вода”;
3. Предлог - Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на субвенционирање и поддршка за кофинансирање на печки на пелети за домаќинствата на територија на општина Кисела Вода;
4. Предлог – Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на субвенционирање и поддршка за кофинансирање за набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради за колективното домување на територија на oпштина Кисела Вода;
5. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата од надлежност (В) и Програмата ( В1) – предучилишно воспитување за 2022 година;
6. Предлог - Одлука за давање Согласност на Јавната детска градинка “8ми Март” на Општина Кисела Вода во град Скопје за работа со поголем број на деца, односно помал број на деца од утврдените стандарди и нормативи на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца;
7. Предлог - Одлука за давање Согласност на Јавната детска градинка “Весели Цветови” на Oпштина Кисела Вода во град Скопје за работа со поголем број на деца, односно помал број на деца од утврдените стандарди и нормативи на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца;
8. Давање согласност на Годишен план за вработување за 2022 година на ЈП КИСЕЛА ВОДА КВ Скопје;
9. Предлог – Одлука за прифаќање на донација – фекална канализација на ул. “Лазар Димитров„ населба 11-ти Октомври во Општина Кисела Вода;
10. Квартални извештаи К1, К2 и К3 за првиот квартал од 2022 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
11. Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.