Со пригодна манифестација, Општина Кисела Вода го одбележа денешниот 21-ви февруари, Светскиот ден на мајчиниот јазик. Во присуство на претставници од Општината, во ПОУ “Кузман Јосифовски Питу”, беа доделени награди за најуспешните на распишаниот литературен и ликовен конкурс на тема: „Јазикот е нашата татковина – Блаже Конески“.
За важноста на мајчиниот јазик, за неговото значење како идентитетска одлика на секој поединец твореа основците од сите училишта од овој дел на Скопје.
Проектот, кој е под покровителство на Општина Кисела Вода и се спроведува во соработка со основните училишта, се одржа по 16- ти пат.
Наградените учесници кои се натпреваруваа во две категории, прва категорија од 1 до 5 одделение и втора категорија од 6 до 9 одделение, наградени беа следните ученици:
Литературни творби - I категорија
I Место ООУ ,,Круме Кепески“ – Ученик: Нина Алексовска V–1 ментор: Елена Петровски;
II Место ООУ ,,Св.Климент Охридски “ - Ученик: Василиј Ѓорѓиевски III– 1 ментор: Елена Симоновска;
III Место ООУ ,, Кузман Шапкарев“ - Ученик : Петар Донев II– 2 ментори: Гордана Анчевска и Драгица Стојановска;
III Место ООУ ,,Кузман Јосифовски Питу“ - Ученик : Тео Димчевски IV - 3 ментори: Валентина Србиновска и Винета Радовиќ Мирческа.
Литературни творби - II категорија
I Место ООУ ,,Партенија Зографски “ - Ученик : Андреј Димовски VI - а ментор: Мирјана Велковска;
I Место ООУ ,, Рајко Жинзифов“ - Ученик : Никола Арсовски VII - б ментор: Каролина Коларовска;
II Место ООУ ,, Партенија Зографски “ - Ученик : Теодор Вртески IX - в ментор: Васка Николова Икономова;
II Место ООУ ,, Рајко Жинзифов“ - Ученик : Милена Крстевска IX - б ментор: Љупка Мишевска;
III Место ООУ ,, Круме Кепески “ - Ученик : Лео Миновски IX - 2 ментор: Татјана Пеливанова;
III Место (проза) ООУ ,, Кузман Јосифовски Питу“ - Ученик : Матеа Митова IX - 2 ментор: Татјана Нанкова.
Ликовни творби - I категорија
I Место ООУ ,, Кирил Пејчиновиќ“ - Ученик : Филип Цветков IV-а ментор: Весна Бошковска;
II Место ООУ ,, Невена Георгиева - Дуња“ - Ученик : Матеа Неделковска IV–б ментор: Весна Цветановска;
III Место ООУ ,, Св.Климент Охридски“ - Ученик : Дарија Јаковчевска IV–3 ментор: Јасмина Лакинска;
III Место ООУ ,, Партенија Зографски“ - Ученик : Миа Глобочки IV–а ментор: Катерина Наумоска Младеноска.
Ликовни творби - II категорија
I Место ООУ ,,Рајко Жинзифов“ – Ученик : Андреј Јовановски VII – а ментор: Даниел Манасиев;
II Место ООУ ,,Невена Георгиева Дуња“ - Ученик : Лина Беслаќ VII – а ментор: Петар Беслаќ;
III Место ООУ ,, Кирил Пејчиновиќ“ - Ученик: Миа Цветковска VI -в ментор: Марко Јанев;
III Место ООУ ,,Партенија Зографски“ - Ученик : Софија Манасиева VII – б ментор: Елена Радевска.
На наградените им беа додлени дипломи, а настанот беше збогатен со музичко-сценски изведби на учениците од ООУ "Кузман Јосифовски-Питу", ООУ "Круме Кепески" и ООУ "Невена Георгиева-Дуња".
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, во 2000 година е промовиран како Ден на лингвистичката и културната разновидност и повеќејазичност.