Новости
Општина Кисела Вода по 7 ми пат, ги собра новите родители со адреса во општинските граници. На 48те семејства кои неодамна добија дете и кои доставија комплетна документација, градоначалничката Билјана Беличанец-Aлексиќ им додели ваучери во вредност од 6000 денари. Оваа мерка е донесена минатата година, по нејзина лична заложба, со комплетна поддршка од Совет на општината и е влезена во редовната Програма за активности од областа на социјалната заштита.
Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за сите нивни проблеми, забелешки, сугестии и нови идеи што треба да го подобрат секојдневното живеење, општина Кисела Вода воведе нов приемен ден за жителите на оваа територија. Отсега, градоначалникот на општината, Билјана Беличанец- Алексиќ , секој понеделник и четврток, ќе има средби со граѓаните на кои ќе одговара на нивните прашања. Директен контакт со градоначалникот може да се закаже на телефон 2785-400, по што ќе бидете телефонски контактирани за датумот и времето на средбата.
По добиената информација од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ве известуваме дека утре (30.01.2014) во периодот од 12 до 16 часот, без струја ќе останат жителите од улицата „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода (кај фабриката Прогрес).
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со директорот на нижото музичко училиште, денес свечено ги отвори дисперзираните паралелки на МБУЦ “Илија Николовски Луј” во ОУ “Кузман Шапкарев” во населба Драчево, каде настава следат 30 ученици , во две групи.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Кисела Вода.