Новости
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска на 35 граѓани им ги врачи решенијата за легализација на дивоградбите, со што бројката на вкупно решени предмети за легализација достигна 1600 предмети.
Повеќе: Нови 35 решенија за легализација на дивоградби во Кисела Вода
Ве известуваме дека Втората пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 23.05.2013 година (четврток) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 3-тата пленарна седница
Големата сала во Општина Кисела Вода денеска беше средиште на размена на идеи и искуства за процесот на премин на децата од градинките во училиштата. Токму тоа беше темата на денешната трибина, во организација на одделението за предучилишно воспитување во Општина Кисела Вода. Иницијаторот на трибината, раководителот на одделението за предучилишно воспитување, Ирина Момироска ја отвори трибината, ги поздрави присутните и посочи дека ова е прва, но со оглед на интересот, никако нема да биде последна ваква трибина, во чиј фокус се најмладите жители на општината.
Успешната соработка со основните и средните училишта на територија на Град Скопје, продолжува преку реализација на повеќе заеднички проекти, посветени на младите вљубеници во природните науки.
Повеќе: Основци од Кисела Вода учествуваа на “Денови на Електротехниката”
И годинава традицијата ќе продолжи. Урбаната заедница Црниче и со неколку активности ќе го одбележи празникот Источен Петок – Балаклија, меѓу народот познат и како Светол или Благ Петок. Чествувањето ќе се реализира во просториите на урбаната заедница Црниче на 10.05.2013 год. (петок), во периодот од 10:00 – 20:00 часот.
Повеќе: Урбаната заедница Црниче ќе го чествува Источен Петок – Балаклија