Насловна
Трибина на тема, “Современ училишен спорт”, се одржа денес во Големата сала на општина Кисела Вода. На неа беа презентирани можностите за развој на спортската инфраструктура во образовниот систем, преку создавање на основни услови за успешно функционирање на училишниот спорт.
Ве известуваме дека Четиринаесетата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 14.03.2014 година (петок) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 12-та пленарна седница на Советот;
1. Информација за работа на полициска станица од општа надлежност ,,Кисела Вода", за 2013 година со осврт на подрачје на Општина Кисела Вода;
2. Предлог-Одлука за избор на член на Управниот одбор – претставник од Градот Скопје во ЈДГ ,,Весели Цветови", на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 14-та пленарна седница
Во организација на Одделението за спорт на општина Кисела Вода во четврток (13.03.2014) во 13 часот и 30 минути, во Големата сала на општина Кисела Вода, ќе се одржи трибина на тема “Современ училишен спорт”. На трибината, покрај претставниците од општина Кисела Вода, ќе присуствуваат Марјан Спасески, директор на Агенцијата за Млади и Спорт, Александар Туфекчиевски, претседател на Федерацијата за училишен спорт, како и претставници од Министерството за Образование и Наука.
Поради интервенции што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД заради подобрување на електропреносната мрежа, утреќе има исклучување на струјата во делови од општина Кисела Вода.
Поради дефект на водоводна мрежа на улица "Ѓорѓи Војтех", без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците "Ѓорѓи Војтех", "Марија Кири", "Гутенбергова", "Б.Заревски", полициската станица Драчево и Амбулантата од 13:30 часот па се до санирање на дефектот.