Насловна
Денес, по втор пат, во големата сала во Општина Кисела Вода Градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ, додели еднократна парична награда на талентирани и надарени ученици од областа на спортот, културата, науката и ументоста.
Повеќе: Доделени еднократни парични награди на талентирани и надарени ученици
Со денешното доделување на 43 решение за легализација на дивоизградени објекти, бројот на решени предмети за легализација во Општина Кисела Вода достигна 1681. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ информираше дека откако е воспоставена практиката за делење решенија за легализација на неделно ниво, постигнати се посакуваните ефекти.
Повеќе: Доделени 43 решенија за легализација на дивоизградени објекти
Општина Кисела Вода по трет пат го организира „Мултимедијален ликовно-музички хепенинг на отоворен простор“, на тема „Скопје се сеќава“, по повод 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Хепенингот се одржа, денес во паркот ,,Македонија“ во Општината, со почеток во 11.00 часот.
Општина Кисела Вода, годинава по петти пат ја организираше традиционалната културна манифестација „Пушкинови Денови 2013“, Одбележувањето на 214 години од раѓањето на светски познатиот поет Александар Сергеевич Пушкин.
Повеќе: Се организираше традиционалната културна манифестација „Пушкинови Денови 2013“
Проектот „НИЕ СМЕ ЕКО ГЕНЕРАЦИЈА“ изготвен од учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“ с.Драчево, на конкурост е избран како најдобар во Република Македонија за 2013 година.