Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службени лица за посредување со информации од јавен карактер:
Невенка К.Милинковиќ
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: 070 292 041
тел: 02/2785-456
e-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Наташа Настоска
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: 072 268 873
Офицер за заштита на лични податоци
Адреса на Општина Кисела Вода
ул.Петар Дељан бр.17 Скопје
тел.++389 2 785 400, факс++ 389 2 770 210
e- mail : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на РМ бр.3/06, бр.86/08, бр.6/10 и бр.42/14) и член 14 од Статутот на Општина Кисела Вода (Службен гласник на Град Скопје бр. 8/05), Градоначалникот на Општина Кисела Вода ја донесе следната:
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ
ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Информации со кои располага Општина Кисела Вода, а кои се утврдуваат како информации од јавен карактер достапни до барателите се следните:
1. Информации за работата на Градоначалникот на Општина Кисела Вода:
-Решенија, заклучоци, дозволи, одлуки и информации согласно надлежностите утврдени со закон,
2. Информации за работата на Советот на Општина Кисела Вода:
- Програми, одлуки, решенија, заклучоци, информации согласно надлежностите утврдени со закон,
- Информации од работата на Комисиите и другите работни тела на Советот на Општина Кисела Вода,
- Заклучоци, предлози, ставови,мислења, одлуки,
3. Информации од работата на општинската администрација на Општина Кисела Вода:
1. Сектор за подршка на Градоначалникот:
-Информации, решенија, одлуки, програми и други акти кои произлегуваат од областа на работењето на Секторот,
2. Сектор за подршка на работата на Советот на Општината:
-Информации,одлуки,програми,решенија и други акти согласно надлежностите поврзани со работењето на Секторот,
3. Сектор за нормативно-правни работи:
-Одлуки, решенија, програми, заклучоци информации поврзани со работата на Секторот од областа на нормативноправните работи, општите работи, давање на услуги на граѓаните во управнатапостапка,
4. Сектор за финансиски прашања:
-Буџет на Општина Кисела Вода,
-Одлуки поврзани со донесувањето на Буџетот на Oпштина Кисела Вода,
-Годишен извештај по завршна сметка на Буџетот на општина Кисела Вода,
-Одлуки поврзани со утврдувањето на висината на стапките на данок на имот,
5. Сектор за јавни набавки:
-Сите повици во постапката за јавни набавки и тендерска документација утврдени со закон,
6. Сектор за урбанизам и просторно планирање:
-Детални урбанистички планови,
-Градежни парцели, урбани блокови и опфатите на ДУП-овите,
-Урбанистички планови и урбанистичка документација за населени и вон населени места на подрачјето на Општина Кисела Вода,
- Програми и планови од областа на урбанистичкото планирање,
- Решенија и заклучоци и други акти од водење на управна постапка,
7. Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина:
-Годишни програми за уредување на градежното земјиште, локални патишта и улици, јавното осветлување ,
-Планови, одлуки,програми од областа на комуналните дејности,
-Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното зеленило, одлуки, решенија и други управни акти од областа на животната средина,
8. Сектор за образование,предучилишно воспитување, култура и спорт
-Програми, одлуки, решенија и други акти поврзани со работата од областа на образование, култура и спорт.)
9. Сектор за локален Економски Развој:
-Одлуки, решенија и програми од областа на локалниот економски развој,
10. Сектор за инспекциски работи:
-Информации и управни акти од областа на работата на инспекциските служби,
11. Сектор за управување со човечки ресурси и обуки:
-Одлуки, Правилници, решенија, програми, информации од областа на работењето на секторот.
12. Сектор за месна самоуправа и за соработка со невладини организации:
-Планови, одлуки, програми кои произлегуваат од работата на секторот,
13. Сектор за внатрешна ревизија:
-Информации кои произлегуваат од надлежноста и од областа на работењето на секторот,
14. Други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации.
Обрасци:
-Образец на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер
-Образец на жалба
Прописи:
- Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РМ“бр.13/2006 година),
- Закон за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РМ“ бр.86/2008 година),
- Закон за изменување и дополнување на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РМ“ бр.6/2010 година),
- Закон за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на РМ“ бр.42/2014 година).
- Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, (Службен весник на РСМ БР.101/2019).
Линк до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер