Новости
Голема акција за расчистување на снегот и замрзнатите површини, се одвива денес во општина Кисела Вода. Со помош на специјални возила, само во текот на денешниот ден, до овој момент, се фрлени околу 13 тони сол во Црниче, Пржино, Припор, Кисела Вода, во населбата и селото Драчево... Активностите на терен, се’ уште се во тек.
Повеќе: Продолжува расчистувањето на снегот во општина Кисела Вода и за време на викендов
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со претседателот на Советот на општината, Tрајче Донев, во првиот работен ден од новата 2015 година, изврши увид во почетокот на градежните активности во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”.
Утре, среда, 31.12.2014, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 11:00 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.