Новости
Ве известуваме дека Дваесет и третата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 24.12.2014 година (среда) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 23-та пленарна седница
Предновогодишно, Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, додели ваучери со еднократна парична помош за семејствата со принова од општината. Со тоа, бројот на доделени ваучери се искачи на 811, од кои, во оваа календарска година се доделени 522.
Повеќе: Во 2014 доделени 522 ваучери за новороденчињата од општина Кисела Вода
По известување добиено од ЈП Водовод и канализација-Скопје, ве информираме дека поради дефект на водоводна мрежа профил Ф-80 милиметри на улица „Коперникова“, без вода денес останаа корисниците од улиците „Коперникова“, „Малешевска“, „Румена Хаџи-Панзова“, „Ужичка Република“, „Јанко Мишиќ“ и „Демостенова“. Прекинот во водоснабдувањето е во период од 11:00 часот па се до санирање на дефектот.
Утре, вторник, 23 декември 2014, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош на семејствата со новороденчиња од општината.
Општина Кисела Вода заблеска во новогодишен сјај. Украсени се поголемите улици, сообраќајниците, со новогодишни реквизити се накитени и парковите...