Новости
Во вторник, (24.12.2013) во малата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош за новороденче на 35 семејства од општината.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Проектот насловен “Обука за развој и унапредување на свеста за значењето на културата и уметноста со цел развивање на креативниот потенцијал на најмладите и доусовршување на воспитно-образовниот кадар во областа на ликовната и драмската уметност” ќе ја добие својата финализација.
Проектот траеше два месеци, а се реализираше во соработка со двете градинки од општината Кисела Вода, ЈДГ “8-ми Март” и ЈДГ “Весели Цветови”. Координатор на проектот беше м-р Татјана Гогоска, а со обуката беа опфатени 10 објекти на градинките, преку 30 воспитувачи и околу 100 дечиња.
Повеќе: Утре завршува проектот за развој на креативниот потенцијал на децата во градинките
Со одржување на последниот час и доделување на сертификатите за успешно завршена обука, денес (21.12.2013), официјално заврши првиот циклус на бесплатни обуки по информатика и англиски јазик во организација на Општина Кисела Вода.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денес присуствуваше на последниот час по англиски јазик во ОУ “Кирил Пејчиновиќ” и лично ги додели сертификатите на околу 150 слушатели, кои успешно ја завршија обуката по англиски јазик и информатика во ова училиште.
Повеќе: Завршија бесплатните обуки по англиски јазик и информатика
Во сабота, (21.12.2013) во ОУ “Кирил Пејчиновиќ” (спроти спортската сала “Расадник”), во 10:30 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ќе ги додели сертификатите на кандидатите кои успешно ја завршија бесплатната обука за англиски јазик и информатика.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Основното училиште “Св. Климент Охридски” од село Драчево се здоби со статусот “зелено знаме” што значи највисок статус на еколошко училиште.
Статусот “зелено знаме” се одобрува во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ што се имплементира преку Министерството за образование и наука според потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.