Новости
На свечен начин денес, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ по деветнаесети пат додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти на 40 граѓани од општината.
“-Правилниот урбанистички развој и утврдувањето на вистинскиот правец за уредување на просторот по мерка на граѓаните е врвен приоритет во работата на Општина Кисела Вода. За жал, дури 50% од станбените единици во Кисела Вода се подведени согласно Законот за легализација на дивоизградени објекти како нелегални, со што општината Кисела Вода е своевиден “лидер” по бројот на дивоградби на локално ниво” – рече градоначалникот Беличанец – Алексиќ, потенцирајќи дека воспоставувањето урбанистички ред и успешно заокружување на процесот на легализацијата на дивоградбите во Општина Кисела Вода претставува заеднички интерес за сите.
Повеќе: Интензивно продолжува легализацијата на дивоградби во Кисела Вода
Во сабота, (14.12.2013) градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ во големата сала на општината, со почеток во 10:00 часот ќе додели 40 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” ќе блесне во ново руво. Имено, Општина Кисела Вода неодамна аплицираше и го доби проектот "Создавање на предуслови за управување со енергијата на локално ниво", кој ќе се реализира со заедничка финансиска контрибуција помеѓу општината Кисела Вода и Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) во Скопје, за што двете институции вчера официјално го потпишаа и договорот.
Повеќе: Ќе се реконструира подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во Црниче
Интензивните градежни активности за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Кисела Вода продолжуваат со несмалена динамика. Имено, деновиве екипи на фирмата Жикол по налог на општината, започнаа градежни активности за изградба на атмосферска канализациона мрежа на ул. “Димо Хаџи Димов”, зад основното училиште “Круме Кепески” во населбата Кисела Вода. Градежните активности се изведуваат во должина од 138 метри, а се поставуваат полиетиленски цевки со различни дијаметри Ф200 мм, Ф 250 мм и Ф 315мм.
Повеќе: Се гради атмосферска канализација за дел од ул. “Димо Хаџи Димов”
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре (12.12.2013) без електрична енергија ќе останат неколку улици во општината Кисела Вода.
Според информацијата, без струја од 8 часот и 30 минути до 10 часот и 30 минути ќе останат корисниците од улиците „Есенинова“, „Жил Верн“, „Трпе Петровски“, „Јордан Филиповски“ и „Стојан Стојановски“ во општина Кисела Вода.
Прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од овој реон.