Насловна
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата пленарна седница на 13.03.2023 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 19-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 20-та пленарна седница
1.Информација за безбедносната состојба на подрачјето на Општина Кисела Вода за 2022 година на Полициска станица од Општа надлежност ,,Кисела Вода,,;
2.Годишен Извештај за работата на Полициска станица од Општа надлежност ,,Драчево,, за 2022 година;
3. Предлог – Одлука за кофинансирање на проектот “Набавка на комбиниран ровокопач - натоварувач”;
4.Предлог – Одлука за кофинансирање на проектот “Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина” ;
5.Предлог - Одлука за формирање Комисија за селекција за избор на членови во управен одбор и надзорен одбор за контрола на материјално - финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје;
6. Предлог - Одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови во управен одбор и надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје;
7. Квартални извештаи К1, К2 и К3 за четвртиот квартал од 2022 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
8. Годишен извештај на Oпштина Кисела Вода за 2022 година, со:
-Завршна сметка на Буџетот на Oпштина Кисела Вода за 2022 година;
-Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната сметка на Oпштина Кисела Вода за 2022 година;
-Извештај за реализација на блок дотации на Oпштина Кисела Вода во 2022 година;
-Извештај од одговорниот сметководител за точноста и веродостојноста на годишната сметка на Oпштина Кисела Вода за 2022 година;
-Годишен извештај за користење на средства од резервите на Oпштина Кисела Вода во 2022 година;
9.Предлог-Буџетски календар на Oпштина Кисела Вода за 2023 година;
10.Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година;
11.Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година бр.09-11889/28 од 26.12.2022 година;
12.Предлог – Одлука за измена на Одлуката за додаток на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот за вработените во Општина Кисела Вода бр.09-11889/29 од 26.12.2022 година;
13.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.
Од вчера се одвиваат градежни активности на кракот на улица “Вера Јоциќ”. Санацијата опфаќа 5300 квадратни метри и по нејзиното завршување ќе обезбеди безбеден и комфорен сообраќај долж целата улица, вклучително со двата нејзини краци.
Децата и детските права беа во фокусот на разговорот кој денес го водеа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставникот од УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани.
Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари средба со новиот унгарски амбасадор Н.Е. Андраш Клајн.
На средбата, тој му ја претстави личната карта на општина Кисела Вода и се задржа на приоритетните проекти кои следуваат предвидени во неговата програма. Проговорија за досегашната одлична соработка со унгарската држава преку Амбасадата во Република Македонија.
Имено, Општина Кисела Вода секоја година е дел од чествувањето на Националниот ден на унгарскиот народ и го одбележува со пригодна свеченост пред спомен плочата на Шандор Петефи во населбата Драчево. Петефи е една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година и поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава. Ѓорѓиевски проговори со амбасадорот и за одличната соработка со Здружението на унгарците во Македонија Теледом, чиј Претседател Јожеф Шутуш беше присутен на денешната средба.
Заеднички се дефинираа повеќе области во кои е можно продлабочување на соработката и остварување на уште поблиски релации помеѓу Општина Кисела Вода и Република Унгарија.
Под слоганот “Ретко е да си редок”, Општина Кисела Вода заедно со компанијата “Биотек” го одбележаа денешниот 28 февруари, Светски ден на лицата со ретки болести.
Повеќе: Кисела Вода и “Биотек” им доделија здравствени ваучери на децата со попреченост