Насловна
Почитувани,
Во насока на вистинито и објективно информирање на јавноста, Општина Кисела Вода е должна да реагира и да ги демантира грубите лаги изнесени на денешната прес конференција на советничката од СДСМ, Бојана Ацева.
Повеќе: Демант од Општина Кисела Вода по повод прес конференцијата на советничка од СДСМ
После повеќе од 60 години, месноста Порупи во селото Драчево доби нова водоводна мрежа. Oпштина Кисела Вода ја заврши изградбата на водоводна линија долга 1480 метри на улицата “Илија Ристевски” и нејзините краци.
Повеќе: По 60 години месноста Порупи доби квалитетна водоводна мрежа
Кисела Вода мора да биде чиста општина, а за тоа треба сите да дадеме свој придонес, апелираше денес до несовесните граѓани градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој присуствуваше на акцијата за чистење на депониите, која денес се одвива во Расадник.
Повеќе: Општина Кисела Вода денес чистеше депонија во Расадник
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со постојаниот претставник на UNDP во Македонија Армен Григоријан, на која беа дискутирани повеќе важни теми и беа дефинирани насоките за заедничко делување во претстојниот период.
По повод Интернационалниот ден на жената 8 Март, КУД “Китка” одржа јавен час во Домот на култура во Драчево.
Повеќе: КУД “Китка” од Драчево со јавен час го одбележа Денот на жената