Насловна
Се одиграа 10-тото и 11-тото на шаховската лига помеѓу месните заедници во општина Кисела Вода, со што официјално започна и пролетниот дел на општинската лига. По одигрувањето на овие две кола, добиени се следниве резултати:
Ќе се гради атмосферска канализација на улицата “Боро Камчевски”во општина Кисела Вода. Следната недела започнуваат градежните активности во населбата Бирарија, за што се ангажирани екипите на фирмата изведувач ДГТУ “АДРА ДООЕЛ” од Скопје.
Повеќе: Општина Кисела Вода ќе гради атмосферска канализација на улицата “Боро Камчевски"
Со почеток во 10 часот утре (03.02.2015,вторник) во Големата сала во барака 7 започнува пролетниот дел на шаховската лига на општина Кисела Вода. Пролетниот дел ќе започне со одигрување на 10-тото и 11-тото коло каде ќе се сретнат следните парови:
По информација добиена од регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, ве известуваме дека во текот на утрешниот ден, без струја од 9 до 10:30 часот ќе бидат корисниците на дел од ул. „Иван Хаџиниколов“ во населбата Драчево во општина Кисела Вода. Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
И во новата 2015-та, општина Кисела Вода продолжува со процесот на легализација на дивоградбите, кој значи решавање на децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти. Денешното ново доделување на решенија за легализација на дивоградбите од страна на Претседателот на Советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев, на уште 50 жители од овој дел од градот ќе им овозможи легална сопственост на своите домови. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 3404.
Повеќе: Легализација на дивоградби и приемен ден во општина Кисела Вода