Насловна
Со желби за добро здравје, успех, среќа и благосостојба, општина Кисела Вода на сите православни христијани им ја честита православна Нова Година. Според јулијанскиот календар, денес освен почетокот на новата година, се чествуваат и Обрезание Господово и Св. Василиј Велики.
Нека се честити!
Поради технички зафати на електромрежата, денес ќе има привремени исклучувања на струјата на две улици во населбата Кисела Вода. Според соопштението на Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ве известуваме дека без струја денас ќе идат корисниците од улиците “Народни Херои” и “Вера Јоциќ”, во периодот од 9 до 14 часот.
Нека овие празнични денови, Ви донесат среќа, љубов, разбирање и хармонија во домот. Рождеството Христово, чиј симбол се верата, надежта и љубовта, како највисоки христијански вредности, нека донесат спокој и сплотеност за сите кои го празнуваат!
Општина Кисела Вода на сите верници од православна вероисповед им посакува среќни Божикни празници!
Традиционално, со собирање околу коледарските огнови, жителите на општина Кисела Вода вечерва ќе го отпочнат празнувањето на Бадник и големиот празник Рождество Христово – Божик. Како и секоја година, општина Кисела Вода, за сите централни огнови, во сите 15 месни и урбани заедници, обезбеди погача со паричка и шише вино. Воедно, за огновите, ќе им бидат доделени исечените суви и оштетени дрва од акцијата која неодамна во општина Кисела Вода се спроведуваше заедно со ЈП “Паркови и зеленило”.
Повеќе: Погача и вино од општина Кисела Вода за коледарските огнови
Голема акција за расчистување на снегот и замрзнатите површини, се одвива денес во општина Кисела Вода. Со помош на специјални возила, само во текот на денешниот ден, до овој момент, се фрлени околу 13 тони сол во Црниче, Пржино, Припор, Кисела Вода, во населбата и селото Драчево... Активностите на терен, се’ уште се во тек.
Повеќе: Продолжува расчистувањето на снегот во општина Кисела Вода и за време на викендов