Насловна
Општина Кисела Вода се вклучува на активностите за одбележување на државниот празник “8-ми Септември”, кој годинава ќе се одбележи во духот на спортот. Со низа спортски настани, Општина Кисела Вода ќе ја одбележи 22-годишнината од независноста на Македонија. Несомнено е дека спортот има универзални вредности на обединување и анимирање на граѓаните. Општина Кисела Вода пак, е локална самоуправа која отсекогаш била расадник на спортски таленти. Потврда за тоа се бројните успешни спортски имиња од општината – фудбалската легенда Дарко Панчев, кошаркарскиот ас Петар Наумовски, ракометарот Аце Станковски и многу други. Сите тие своевремено биле најуспешни во училиштата во Кисела Вода, а подоцна со своите резултати ја освојуваа Европа. Дополнително, во општината се негува најмасовниот и најдоброорганизираниот училишен спорт во Република Македонија, признание кое неколку години по ред го дава Федерацијата на Училишен спорт.
Повеќе: Спортски активности во Кисела Вода за 22-годишнината од независноста на Македонија
Се известуваат жителите на населбата Пинтија дека поради дефект на хидрант профил Ф-80 милиметри и дефект на шибер затварач профил Ф-80 милиметри на улица “Јабланица” бр.38, денес 03.09.2013 година од 09:30 часот па се до санирање на дефектите без водоснабдување ќе останат корисниците од оваа населба.
За 5.000 ученици од Општина Кисела Вода, денеска започна новата учебна година. Вкупно 570 првачиња денеска седнаа во училишните клупи, во осумте основни училишта во општината. Градоначалникот, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска присуствуваше на првиот училиштен час во реконструираното подрачно училиште “Круме Кепески” во нас. Припор, каде со првачињата и нивните родители ја проследи свечената приредба за почетокот на новата учебна година.
Повеќе: Беличанец – Алексиќ: Сакаме да ги вратиме учениците во подрачните училишта
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ во понеделник (02.09.2013 година), во 10:00 часот, ќе присуствува на свечената приредба за почеток на новата учебна година во реконструираното подрачно училиште “Круме Кепески” во нас. Припор.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Општина Кисела Вода, во соработка со осумте основни училишта на нејзина територија, организира бесплатна обука за основни познавања од информатиката и англискиот јазик за жителите на Општина Кисела Вода, без оглед на нивната возраст.
Повеќе: Општина Кисела Вода ќе организира бесплатни обуки по информатика и англиски јазик