Насловна
Ново музичко доживување ќе донесе овонеделното издание на културната манифестација “Бранувано културно Три круши 2013-то лето”. Имено, во петок (19.07.2013) на верско – рекреативниот центар “Три круши”, со почеток во 21:00 часот тамбурашката група ,,Гезме” ќе одржи целовечерен концерт.
Во сабота пак, ќе се одржат два културни настани. По петти пат ќе се одржи детскиот фестивал “Три круши” на кој ќе се претстават ученици од осумте основни училишта во општината, а забавата ќе продолжи со детската театарска претстава “Македонска приказна” во изведба на Театарот за деца и младинци. Овие два настани ќе се реализираат на верско – рекреативниот центар “Три круши”, со почеток во 19:00 часот.
Влезот за граѓаните е слободен.
Општина Кисела Вода деновиве заврши со исплатата на еднократните парични награди наменети за талентираните и надарени ученици од општината Кисела Вода. Вкупно 168 ученици, од кои 77 за спорт и 91 за образование на крајот на училишната година беа наградени со ваучери од по 10.000 денари, кои на пригодна свеченост им ги врачи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ. Оваа активност, општината Кисела Вода ја спроведува втора година по ред со цел да ги стимулира најмладите жители на општината да продолжат со успесите во делот на воспитно-образовните и спортските активности.
Акцијата за санирање на ударните дупки и прекопи на територијата на Општина Кисела Вода која започна пред една седмица, веќе на терен ги даде очекуваните позитивни резултати. Откако започна акцијата, комплетно се санирани ударните дупки на повеќе сервисни улици во населбите Цветан Димов, Пржино, Црниче, Драчево, 11-ти Октомври – бараки и Припор, за што се потрошени околу 115 тони асфалт, со кои се пополнети ударни дупки на површина од околу 926 квадратни метри.
Сезонските работници од Општина Кисела Вода и Одделението за заштита на животната средина перманентно изведуваат еколошки акции за чистење на јавните површини на територијата на општината Кисела Вода. Една голема еколошка акција финишираше деновиве, кога сезонските работници ангажирани од општината со соодветна механизација и алат, целосно ја исчистија вегетацијата околу трим – патеката во должина од околу 2,5 километри. Покрај вегетацијата, со акцијата беа опфатени и неколкуте микролокации, односно црни точки каде постојано се создаваат диви депонии.
Повеќе: Исчистени јавните површини околу трим – патеката во Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека денес (16.07.) неколку скопски населби ќе останат без снабдување со електрична енергија.
На територијата на Општина Кисела Вода, без електрична енергија во периодот од 08:30 до 11:00 часот, ќе останат корисниците од улицата “Пеју Јаворов”.