Насловна
Овогодинешното културно лето во Кисела Вода докажа дека публиката во оваа општина е желна за убава и традиционална македонска музика. Тоа се потврди на двата концерти, кои викендов се одржаа во рамките на “Брануваното културно Три круши 2013-то лето”. Верско – рекреативниот центар “Три круши” во петокот (12.07.) беше премал да ги собере посетителите, кои уживаа во широкиот репертоар на убава музика во изведба на групата “Фортуна”.
Паркот “Шопен” пак вчеравечер (13.07.), беше средиште на неповторливо културно доживување. Иако, за жал сме навикнати настапите на квалитетните етно-состави од Македонија надвор од државата да бидат многу попосетени, сепак вчеравечер тоа не беше така: паркот “Шопен” беше збиралиште на бројна публика од различни возрасти, различни стилови дојдена со една цел: да ужива во квалитетна музика со сите сетила. За тоа се погрижи професорот и мултиинструменталист на народни инструменти Драган Даутовски со својот состав, кој повеќе од една деценија е бележит репрезент на македонската култура и музика во светот.
“Полицијата – сервис на граѓаните” и “Како да го заштитиме имотот од кривични дела” се двата проекти кои во следниот период ќе се реализираат во Општина Кисела Вода, во организација на полициската станица од општа надлежност “Кисела Вода”. Овие два проекти ќе се реализираат во месните и урбани заедници во општината, согласно претходно утврдена динамика. Ова го најави командирот на полициската станица “Кисела Вода”, Ќиро Крстески, кој искажа голема благодарност до општината Кисела Вода и претседателите на месните и урбани заедници за нивната поддршка и подготвеност за соработка.
Повеќе: Граѓаните од Кисела Вода ќе учат како да ги заштитат домовите од кривични дела
За успешно развивање на училишниот и рекреативниот спорт, општината Кисела Вода од Агенцијата за млади и спорт денеска доби донација во спортска опрема. Договорот за соработка помеѓу двете институции за уредување на правата и обврските за движните ствари (спортската опрема), кои се даваат на трајно користење без надомест на Општина Кисела Вода, го потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски.
Повеќе: Општина Кисела Вода доби донација во спортска опрема
Во петок (12.07.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 15:00 часот, претставници на Министерството за внатрешни работи ќе извршат промоција на два проекти кои во следниот период ќе се реализираат во Општина Кисела Вода. Едниот проект е насловен “Полицијата сервис на граѓаните”, а вториот “Како да го заштитиме имотот од кривични дела” и се наменети за жителите на општината.
На промоцијата ќе присуствува и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ.
По повод продолжување на акцијата во делот на опремување со спортска опрема на општините и училиштата, на ден 12.07.2013 година (ПЕТОК) во просториите на Агенцијата за млади и спорт со почеток во 11.00 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе бидат презентирани деталите околу продолжувањето на овој проект.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат и ќе се обратат директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски и градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец - Алексиќ, каде ќе потпишат договор за донираната опрема.